501
Во врска со тоа дали жената од Велес ќе се смета како почината од коронавирус, Филипче рече дека ќе мора да се консултираат епидемиолози, но според него би требало.
Министерот за здравство Венко Филипче даде објаснување за починатите лица, односно мајката и синот од Велес.
-Нас ни беше од интерес да го дознаеме датумот на настанување на смртта на лицата од Велес заради коронавирусот. Таа информација кога немало никаде вирус ќе беше интересна и ќе навлезевме во други испитувања и ќе го известевмве СЗО. Починат човек не може да го пренесе вирусот. Колку што сум јас инфориран полицаецот носел соодветна опрема за време на увидот, но сите други аспекти не се од наш интерес. Сите други аспекти треба да ги сработат други институции, рече министерот.