Филипче побара санкции за организаторот на концертот на Петар Грашо поради кршење на протоколите

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче реагираше поради, како што рече, еклатантното прекршување на протоколите на концертот на Петар Грашо во Хераклеа во Битола.

„Комисијата за заразни болести и јас лично во текот на јуни имав неколку средби со организаторите на настани на кои заедно ги утврдивме сега веќе усвоените протоколи, а според кои меѓу другото, настаните се одржуваат единствено на отворено, со максимум 50 отсто публика од предвидениот капацитет, задолжителна дистанца меѓу посетителите од 1,5 м, задолжително носење на маска и дезинфекција на раце и мерење на температура на влез за секој посетител. Организаторот на настанот е должен да обезбеди задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на протоколите и наведените мерки, со право да го отстрани секој посетител кој истите нема да ги почитува“, напиша тој на фејсбук.

Филипче додаде дека колективното здравје е заедничка одговорност, која, според него, во овој случај треба да ја понесе организаторот на настанот.

Поврзани новости