1K
Патникот од Дубаи кој беше подложен на тестови за евентуално присуство на корона вирус, нема симптоми на опасниот вирус.
Ова денеска го истакна министерот за здравство, Венко Филипче на прес-конференција.
„Патникот кој пристигна од Дубаи негативен е на тестовите за корона вирус. Во текот на денешната седница одлучено е патници од северна Италија ќе се препуштаат на само пет гранични премини. Ќе набавиме соодветна опрема а се задолжија сите институции да ги одложат сите планирања патувања и екскурзии во регионот на северна Италија. Мора да се откажат сите патувања, тоа е сериозен ризик“, истакна Филипче.