534
Министерот за здравство, Венко Филипче, на својот фејсбук-профил повика пациентите што оздравеле од Ковид-19 да даруваат крв затоа што нивната крвна плазма е драгоцена за оние што сега се борат со вирусот.
Тој вели дека досега се обезбедени 61 единица конвалесцентна плазма за третман на пациенти со Ковид-19.
-Крвна плазма може да дарува лице кое има оздравено од коронавирус. Ајде да бидеме хумани и да им помогнеме на пациентите кои сѐ уште се борат со овој непредвидлив вирус. Да ја покажеме нашата грижа, да даруваме и да спасиме човечки живот. Апелирам на солидарност, затоа што нема ништо поважно од нашето здравје и здравјето на нашите најблиски!, напиша Филипче.