Филипче: Отворањето на границите не е ризик, туку семејните прослави

by Фокус

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека отворањето на границите не е ризик за ширење на корона вирусот.

-На почетокот на кризата најголем ризик беше увоз на вирусот, но сега тоа е локалната трансмисија. До 3 проценти е бројот на луѓе кои патувале и кај нив  е сигурно дали се заразиле надвор – рече министерот.

Според него, голем ризик се семејните прослави.

-Носењето на маска и забраната за групирање е најважниот дел од целокупната превенција. Ако кон тоа се придржуваат граѓаните, ќе се подобри епидемиолошката слика – рече тој.

Поврзани новости