Филипче оперирал без униформа, без маска и капа, обвинуваат од Алтернатива и Алијанса за Албанците

by fokus

Алијанса за Албанците и Алтернатива обвинува дека министерот за здравство, Венко Филипче правел операција на мозок без униформа, без маска и ракавици.

-Вчера министерот за здравство учествуваше на операција во мозокот со цивилна облека, без униформа, без маска, без ракавици, без хируршка капа, едноставно од улица директно во операциона сала, со што се кршат сите основни протоколи и правила за одржување на стерилитетот и хигиената во операциона сала. Не зачудува фактот што првиот човек на белите мантили со ваквото каубојско однесување испраќа лоша порака и ја навредува професијата и најхуманите професионалци, го деградира звањето доктор, па дури и им пренесува лошо искуство на помладите генерации, дека “ако си министер за тебе не важат правилата и животите на луѓето, велат од партијата.

Тие бараат институционална и професионална одговорност, но и оставка од Филипче.

Поврзани новости