602
Министерот за здравство Венко Филипче демантираше дека членови во Владата се вакцинирале и рече дека тоа е лажна вест од опозицијата.
-Ниту еден министер не е вакциниран и тоа одговорно го кажувам и тврдам. Жал ми е што овие лажни вести потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Покрај сите предизвици што секојдневно ги имаме во борбата да се зајакне здравствениот систем и да им се излезе во пресрет со барањата на пациентите, жалам што се бориме и со лажните вести на ВМРО-ДПМНЕ. Не најдоа ни сила, ни храброст, ни доблест некако да помогнат, рече Филипче.
Тој и порача на опозициската партија барем да не одмага кога веќе не помогнала во борбата со пандемијата.