Филипче: Одговорно тврдам дека ниту еден министер, функционер или директор не е вакциниран против Ковид

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче ги отфрли тврдењата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека високи функционери се вакцинирале против Ковид-19.

-Одговорно ви кажувам дека не е вакциниран ниту еден фуницонер, ниту еден министер во Владата, ниту еден директор.Списоците се регрутирани од страна на сите ЈЗУ во кои се лечат или прегледуваат пациенти со ковид, болници, клиники, здравствени домови, приватни здравствени установи, приватно стоматолошки установи, матични лекари и тоа е единствениот налчин на кој луѓето се вакцинираат. Слободно дојдете, уште утре ќе проверам што е тоа што може да се даде како податок, рече Филипче одговарајќи на пратеничко прашање на Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ.

Објасни дека Националната стратегија за имунизација е правена врз основа на светските критериуми. Консултирани се меѓународни организации, СЗО, други развиени европски земји.

-Ние сме една од ретките земји во која целосно се вакцинирани здравствените работници кои работат со ковид пациенти, пожртвувано 24 часа на ден, цела измината година посебно сега кога цела средна Европа е зафатена од многу силне бран со Ковид-19. Знам дека сакате да не успееме во нашата борба за да освоите некој ефтин политики поен, но ќе ве разочарам, ние оваа борба ќе ја добиеме. Се што значи дозволен пристап на податоци за кои самите граѓани ќе се сложат да ги отстапат своите податоци како дел од своето здравствено досие, дојдете и земете ги, потенцираше Филипче.

Поврзани новости