Филипче: Од утре почнува лекувањето со крвна плазма на заразените со Ковид-19

by fokus

Од утре и кај нас ќе започне лекувањето со крвна плазма на пациенти заразени со Ковид-19. Во болницата „8 Септември“ ќе започне лекување на овие болни со озонотерапија, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на утринската програма на ТВ Сител.

„Дури и со овие два начини на лекувања, крвната плазма, којашто од утре почнува практично да се применува, првпат ќе се земе таа плазма од еден пациент којшто е утврдено дека има антитела што можат да се дадат на пациент, и озонотерапијата, со оној апарат којшто го има кај нас ќе почне во болницата „8 Септември“, има соодветни индикации дека не може да се примени кај кого било“, рече Филипче.

Сепак, рече министерот, точната терапија за лекување на болните од овој вирус во светски рамки допрва ќе се утврдува и потсети дека ние како земја сме дел од студијата со повеќе земји во светот во која ќе се утврдува еден од четирите начини со кои оваа болест ќе се лекува со соодветна терапија и со соодветен пристап.

Поврзани новости