Министерот за здравство Венко Филипче, при денешната посета на реновираниот дел во лабораторијата при Институтот за јавно здравје и се заблагодари на амбасадорката на САД Кејт Брнз за нејзиното, како што рече, несебично залагање да помогне уште од почетокот на пандемијата во зајакнување на нашиот здравствен систем. Филипче потенцира дека САД остануваат главниот стратешки партнер на нашата држава, како и во другите области, така и во здравството.
– Благодарение на Амбасадата на САД ќе имаме кабинет со биосејфти ниво 3 во делот на микробиологијата. Тоа ќе биде уште едно зајакнување и уште еден чекор напред во квалитетот на здравствената услуга која се дава и во технологијата за работа, рече министерот.
Тој потенцираше дека од почетокот на пандемијата во лабораторијата на Институтот немало ниту еден инфициран вработен, бидејќи се придржувале до препораките за заштита.
– Во оваа лабораторија, во која беа извршени првите тестови за коронавирусот и кон која, беше најголемиот притисок од пациенти од целата држава, започнаа да прави по 20 тестови на ден, а сега се прават и по 1.200 тестирања, рече министерот, кој им честиташе на вработените за нивната пожртвуваност за време на пандемијата.
Министерот Филипче изјави дека преку Американската Амбасада во нашата држава, нашиот здравствен систем од САД добил заштитна опрема и материјали. Инфективната клиника од САД добила помош во медицинска опрема, а Клиниката за гинекологија и акушерство заштитна опрема.