Филипче: Од јуни сите приватни специјализанти ќе добијат целосно здравствено осигурување

by fokus

Мнистерот за здравство, Венко Филипче, денеска истакна дека од јуни месец сите приватни специјализанти ќе добијат целосно здравствено осигурување.

-Сите приватни специјализанти кои досега нема здравствено осигурување, односно не биле пријавени во друга приватна здравствена установа, а добиваат надоместок за работа како приватни специјализанти, од месец јуни ќе добиваат дополнителна сума на средства со што ќе биде покриен трошокот за здравствено осигурување. Тоа значи дека добиваат навистина тоа што треба да добијат, а тоа е целосно здравствено осигурување, изјави Филипче.

Тој додаде дека им се исполнува уште едно барање, а тоа е да им бидат платени сите дежурства кои ги прават како специјализанти во институциите каде специјализираат во рамки на нивната едукација.

-Сумата за дежурства од 1.800 – 3.600 денари, во зависност од тоа дали се дежура во нормален работен ден или за време на викенд или за празник, со што вкупната дополнителна сума која ја добиваат на веќе постоечките 30.000 бруто во одреден момент може да достигне и до 50 проценти повеќе од тоа што сега го добиваат, изјави министерот.

Поврзани новости