Од месец февруари здравствените работници ќе добијат повторно зголемени плати. Со новите зголемувања ќе достигнеме историски рекордно високи примања на здравствените работници, најавува Венко Филипче, претседател на Комисија за здравство на СДСМ и министер за здравство.
– Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основната плата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинските сестри на клиниките. На општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%. Би сакал да истакнам дека, платата на еден лекар специјалист на некои клиники веќе сега достигнува 100.000 денари. Од февруари платата на лекарите специјалисти со дежурства на клиниките ќе надминува 100.000 денари, а во општите болници ќе биде приближно 100.000 денари. Ги зголемивме процентите за исплата на дежурства на здравствените работници. Дежурствата во работен ден и дежурствата за викенд и празник се зголемени два, односно до три пати, а од февруари ќе бидат четири односно пет пати, со што дежурствата кои што порано се плаќаа 2.500 денари ќе се плаќаат помеѓу 8.000 и 10.000 денари, изјави Филипче.