Филипче очекува нови мутации на вирусот

by fokus

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека не можат да претпостават како ќе се одвива ситуацијата со пандемијата во светот.

-Веројатно дека ќе има нови и нови соеви и мутации на вирусот. Меѓутоа, вакцината е таа која што штити, го намалува ризикот од смртен ризик неколкукратно или од тешка форма на болеста. И тоа е начин ние да ги вратиме животите во нормала. За жал, гледаме дека имаме граѓани коишто се уште се невакцинирани. Апелирам да се вакцинираат, тоа е начинот и да се заштити здравјето, а ние да го штитиме системот од понатамошни бранови и оптеретувања-рече Филипче.

Поврзани новости