Министерот за здравство Венко Филипче очекува до крајот на летото да се вакцинира бројка на граѓани која би значела колективен имунитет на населението.
-Во овој момент се вакцинирани нешто под 300 илјади граѓани и до крајот на летото верувам дема ќе се постигне процент за којшто може да кажеме дека е колективен имунитет. Секако не знаеме како ќе влијаат мутациите на корона вирусот, делта сојот, но според икуството што ми го пренесе амбасадорот на Кина со делата сојот, таму и покрај интензивната вакцинација има заболени, но со лесна клиничка слика, изјави Филипче.
Викендов се очекува да пристигнат 500.000 кинески дози од „Синовак“, како и значителна количина на Фајзер преку механизмот Ковакс, кои следниот понеделник ќе бидат распределени во осум центри за вакцинација. Вакцинацијата сега е забавена, но од следната недела Филипче најавува дневно да се вакцинираат од 15 до 20 илјади граѓани.