Филипче: Обвинителот работи под диктат на Мицкоски

by irena 14:24
14:24

„Вие ме прашавте пред некое време зошто ние не гласавме во парламентот, некој од вашите колеги еве зошто не гласавме и не му дадовме поддршка. Затоа што работи по диктат на Христијан Мицкоски. Има ли поголем доказ од ова да се спасат предметите предметите во коишто ВМРО-ДПМНЕ е предмет на истражување и судски процеси. Па има ли поголем доказ? Ова е само дел од востановената пракса уште од почеток од на владата кога се инсталираа и членови од судски совет судии и обвинители итн. Тогаш укажувавме дека се партизира судството, укажувавме дека не се спроведува реформската агенда со законите од правосудството. Ова не не изненадува, обивинителот е под директна контрола на премиерот тоа е знак, и ништо друго.“ рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

Мицкоски лаже, исто како што лажеше за името и за Преспанскиот договор така и сега лаже, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг.

„Што е загрозено? Името! Па бевме Бивша југословенска република Македонија? Како и секогаш премиерот лаже. Исто како што лажеше за името исто како што лажеше за преспанскиот договор така и сега едноставно лаже. Премиерот повторно зборува дека националниот интерес бил загрозен. Како е загрозен националниот интерес? Тоа што останавме земја членка на НАТО е загрозување на националниот интерес или остварување на истиот? Што е тоа се распродадено според него? Македонскиот јазик и идентитет се потврдени, признаени и заштитени. Јазикот е признат од сите земји членки на Европската унија. Имаме потпишано договор со Фронтекс со Европската Унија, на чист македонски јазик, без додатоци и без фусноти“, појасни Филипче.

Тој посочи дека Мицкоски денеска го потврди предавството на македонските национални интереси и потврди дека не сака во ЕУ и дека ќе ја држи во изолација далеку од Европа.

Слични вести