Министерот за здравство Венко Филипче вечерва на Фејсбук го пофали новиот поглавар на ИВЗ дека покажал одговорност со денешната изјава и барање до верниците да ги почитуваат мерките.
-Ме радува ставот на поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир Фетаху. Неговите пораки упатени до верниците дека коронавирусот е се уште тука се значајни за подигање на свеста кај граѓаните. Поглаварот посочи дека вирусот е опасен и брзо се шири и побара од своите верници да ги почитуваат мерките за заштита и препораките на стручните лица, со што покажа одговорност кон состојбата во земјата. Сметам дека е исклучително важно сите чинители во општеството да се вклучат во борбата со коронавирусот. Секој во својот круг на делување може да влијае на свеста на граѓаните и да укажува дека само со почитување на мерките можеме да ја надминеме оваа состојба, напиша Филипче.