Филипче: Нови рестрикции за да избегнеме карантин

by Fokus

Министерот за здравство, Венко Филипче во денешното гостување на ТВ 24 ги коментираше новите рестрикции за угостителскиот сектор. Како што истакна тој, здравствениот систем нема да издржи ако има огромен број на заразени.

„Во изминатиов период имавме значајно зголемување на бројот на заразени граѓани од 30 и 40 години и увидовме дека во огромен процент причина се настани на кои не се почитуваат мерките. Целта е да немаме „тврди мерки“, да не затвориме сѐ, затоа треба да интервенираме таму каде што се кршат протоколите и тоа што е извор на зараза. Секаде каде што имаше настан мерките не се почитуваа и ние тоа го гледаме по епидемиолошките анкети. Целта е да се намали ризикот таму каде што очигледно има трансмисија на вирусот. Мора сите да сфатат колку е сериозна ситуацијата. Да се свесни дека во периодот којшто е пред нас е исклучително висок ризикот од трансмисија на вирусот во затворени простории. Тоа е поради тоа што не сакаме цела држава да биде во карантин. Гледаме каде што има прекршување на мерките и со вакви таргетирани мерки ќе го избегнеме ризикот да мораме да препорачаме целосен карантин“, истакна Филипче.

Поврзани новости