Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека ако евентуално мерките не даваат резултати се размислува за целосно затворање на угостителските објекти неколку часови порано од тоа што е сега или целосно затворање на објектите каде што се одржуваат културни настани.
-Можно е да има подолго чекање ако има гужва на пациентите затоа ние оспособуваме сега екстра болнички капацитети и во клиничкиот центар и во болницата „8 Септември“ и ширум сите во градовите ширум земјата, во сите инфективни и интернистички одделенија. Практично целите болници се сега во фаза на мобилизација и ги лечат ковид пациентите. Се сместуваат се повеќе и на други одделенија заради тоа што инфективните се веќе преполнети. Значи ниту еден пациент не бил вратен од болница ако навистина има индикација за болничко лекување, изјави Филипче.