Предложените измени на Законот за јавни набавки се несоодветни и се чекор назад бидејќи во кој со нив се елиминира контролата на Бирото за јавни набавки и составот на комисијата, потенцираше претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, во денешното обраќање како претседател на Националниот совет за европска интеграција на Седмата пленарна конференција на Националната конвенција за Европската унија во Република Северна Македонија, што се oдржа во Собранието.
„Зошто да му правиме трик на системот? Ајде да одиме чекор напред во компатибилност со законите во Европската унија. Истовремено апелирам Владата и Министерството за евроинтеграции сериозно да поработат на реформската агенда. Веќе има неколку работи кои што не се на повидок, а се дел од обврските кои што треба да се завршат до декември 2024 година со вкупна сума која што треба да биде поддржана како дел од Планот за раст од 17 милиони евра. Тоа е да се донесе Закон за реформа на јавните финансии, потоа измена на 17 подзаконски акти за Буџетот и негово усогласување со ЕУ номенклатура, измени на Закон за трговски друштва за професионализација на Управни и Надзорни одбори на државни претпријатија и пополнување на испразнети места во судство и обвинителство според годишните планови, рече Филипче.
Во обраќањето Филипче посочи дека очекува реформската агенда да биде силен приоритет во следниот период, а Националниот Совет да биде поле каде што ќе се спојат експертизите на многу институции и организации во нашата земја, бидејќи само така може да се успее во исполнување на стратешките цели и справување со предизвиците.