751
Министерот за здравство Венко Филипче уверува дека вакцините против Ковид-19 што треба да пристигнат во земјава ќе бидат безбедни. Тој на денешната прес-конференција зборуваше и околу дилемите што се отворија околу безбедноста на вакцината „АстраЗенека“.
-Сите експерти од нашиот тим ги следат сите несакани ефекти од вакцината на „АстраЗенека“ и одлуките на националните агенции за лекови, а ќе се водиме од официјалните одлуки и на Европската медицинска агенција и на производителот. Јас немам дилема лично да се вакцинирам со оваа вакцина, рече Филипче.
Филипче рече дека до крајот на овој месец или почетокот на следниот се очекува да пристигнат и првата пратка вакцини од околу 100 илјади дози преку механизмот Ковакс.