708
Немам информации дека некој од Македонската православна црква или од Исламската верска заедница е заболен од Ковид-19, изјави на денешната онлајн прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Прашан дали има некој заболен од МПЦ или ИВЗ, министерот рече дека засега нема таква информација.
– Имаше информации за манастирот Бигорски, меѓутоа уште во времето кога се воведе кризната состојба во Дебар, тогаш веќе имаа неколку луѓе кои имаа горнореспираторни симптоми од манастирот, пративме екипа, се направи тестирање на тие на кои беше индицирано и кај никого не беше дијагностициран Kовид вирусот. Од тогаш конкретна информација за некој од овие институции, јас лично немам, рече Филипче.