Филипче: Нема ризик за свадби и концерти, ќе имаме мирно лето!

by Fokus

Епидемиолошката слика во земјава е добра и нема простор за загрижување кај граѓаните, вели министерот за здравство, Венко Филипче во гостувањето во Само вистина на Канал 5.

Како што истакна тој, нема ризик за организирање на семејни прослави и културни настани во текот на ова лето.

„Сега-засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема смртни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и смрт. Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, истакна Филипче.

Поврзани новости