Филипче: Нема простор за паника од корона вирусот, но ќе ги проверуваме патниците од Истанбул и Дубаи

by Фокус

Нема простор за паника од корона вирусот во земјава, но ќе се преземат превентивни мерки, така што од утре ќе се скенираат со термална камера патниците на летовите од Истанбул и Дубаи, кои имаат вска со регионот во Кина каде е жариштето на овој вирус – ова е заклучокот на Комисијата за заразни болести што го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Ние немаме директна комуникација и директни летови со овој регион, тоа значи дека луѓето кои би дошле евентуално од таму се веќе неколкупати скенирани на другите аеродорми. Ние ќе преземеме мерки на превенција и веќе од утре за летови од Истанбул и Дубаи, кои имаат врска со овој регион во Кина, патниците ќе се скенираат со термална камера – изјави министерот.

Тој потенцира дека нашиот аеродром согласно последните евалуации е оценет на највисоко ниво и, како што рече, ги задоволува највисоките стандарди на детекција, рано препознавање и рана изолација доколку кај пацинетите потенцијални заразени се најдат вакви симптоми.

-Станува збор за вирус што дава многу слични симпотми на грипот. Може да помине со лесна средна форма, но и тешки форми како што еве веќе предизвикаа смрт кај пациенти заобоелни од овој вирус. Потенцирам дека тоа се пациенти кои се постари со намален имунитет и пациенти што имаат хронични заболувања – рече Филипче.

Поврзани новости