Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил стави фотографија на која е со маска, а со пост упати апел да не се забораваат.
-Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е, се вели во објавата.
Заборавив веќе не е оправдување. Заборавањето на основните мерки за заштита може да биде фатално. Не забораваш клучеви, телефон и пари? Не заборавај маска, дезинфекција и да држиш дистанца. Едноставно е.
Publiée par Венко Филипче sur Jeudi 8 octobre 2020
Во постот се потсетува и на останатите два елементи од личната заштита – дезинфекција и физичко растојание од 2 метра.
Филипче континуирано во сите свои јавни настапи и во објавите на социјалните мрежи од почетокот на пандемијата апелира за носење на лична заштита како една од најсигурните мерки за спречување на ширењето на ковид-19.
Неговата најнова објава е во контекст на препорачаните мерки од Комисијата за заразни болести, меѓудругото, и за носење на маски и на отворено.