Филипче: Нема ниту еден починат од Ковид кој примил две дози вакцина

by fokus

Вакцините финкционираат и се силна заштита од Ковид, ова е заклучокот од анализите кои ги работевме во изминатиот период, порача вечерва министерот Венко Филипче.

-Од вкупно 330.320 граѓани со примени две дози вакцини, само 96 се случило да се заразат по вакцинирањето. Тоа значи дека само 0,02 % се заразиле со Ковид што укажува колку е важно граѓаните да се вакцинираат. Од овие 96 позитивни, 56 се заразиле во период помал од 21 ден од примената втора доза вакцина. Само 13 од заразените со ковид биле хоспитализирани и двајца од нив во моментов се на лекување и се стабилни иако еден од нив е со тешко хронично заболување. Нема ниту еден починат пациент со ковид, а кој има примено две дози вакцина. Вакцините спасуваат животи и се единствена начин да се заштитиме и да го вратиме животот целосно во нормала. #ВакцинирајСе без закажан термин, порачува Филипче.

Поврзани новости