Филипче нема морална одговорност, остана во политика и покрај што во негов мандат живи изгореа 14 луѓе, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче е фолирант исто како Зоран Заев, првин поднесе фингирана оставка, за потоа повторно да остане министер. Се повлече со Заев, за потоа повторно да се врати како претседател на СДС.
Во секоја друга демократска држава, по таква трагедија како со пожарот во модуларната болница во Тетово, министерот си дава неотповиклива оставка и си заминува трајно од јавната сцена. Тоа што Филипче остана во политика покажува дека има образ ѓон.
Филипче нема морална одговорност како човек, за него важни се само тесните интереси на Заев и него лично. Филипче е избран за претседател на СДС за кога ќе треба да се соочи со одговорност, да се вади на политички притисок“ велат од владејачката партија.