Министерот за здравство, Венко Филипче денеска протестираше заедно со медицинските лица, кои го кренаа гласот поради последните напади на лекарите низ болниците во Македонија.
„Со насилство не се решаваат работите. Сметам дека нема никаква логика да се крене рака кон здравствени работници кои деноноќно се борат за животите на најблиските. Сите тие пристапи се казниви и се предвидени паричним но и затворски казни. Преземавме конкретни мерки, ќе има мобилна патрола каде се случуваат најголем број пациенти. Нема да дозволиме да се случуваат вакви инциденти. Ова ја надминува секоја логика. Ќе преземеме мерки кои ќе го унапредат статусот на здравствените работници. Моето присуство овде е поддршка, затоа што ова е нешто што се случува со години наназад. Казните за сите напаѓачи се предвидени во законот за здравствена заштита. Што се однесува до безбедноста, очигледно дека обезбедувањето не е ефикасно. И такви неефикасни вработувања нема никаде да водат. Ги разгледавме сите околности и заклучивме патрола на полиција е најефикасен начин за докторите“, истакна Филипче.