802
Полицискиот час кој стартува од денеска го подели мислењето кај македонската јавност, која полека го губи трпението, со оглед на тоа што година дена трае пандемијата.
Министерот за здравство, Венко Филипче смета дека дополнителните рестрикции ќе дадат резултат, во пресрет на верските празници Рамазан Бајрам и Велигден.
„Мерките дадоа ефект во многу градови. Нема да издржиме ако се опуштиме пред верските празници, како што беше случај лани. Сметаме дека треба таква рестрикција, со цел за да се намали притисок врз болниците. Мораме да го олабавиме притисокот врз болничките установи“, истакна Филипче.