497
Министерот за здравство Венко Филипче рече дека ресорното Министерство нема да дозволи да се појави недостиг од каков било вид инсулин, сė до набавката на новите количини за кои тендерот ќе се распише во септември.
– Со оглед на тоа што се смени Законот за паралелен увоз имаше доцнење во доставувањето на одредени инсулини, но тоа е веќе надминато. Подготвени сме за периодот што следи, додека не заврши новата постапка во која имплементираме методи и начин на набавка што ги користат современите европските земји, а тоа се модерни и сигурни инсулини што никогаш до сега ги немало за нашите пациенти. Ќе обезбедиме резервни количини за следните два месеци, како и нови начини на мерење на инсулин, посебно кај децата – истакна министерот Филипче.