739
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека не смее да се дозволи да се доведе во прашање тоа што досега е направено.
„Ќе чекам да видиме во наредните неколку денови каков ќе биде трендот на кривата. Затоа сите мора да си помогнеме и со почитување на мерките, постепено да го вратиме нашиот живот во нормала – истакна Филипче.
Филипче истакна дека Кумановската болница била соочена со недостиг на кадар, затоа што дел од вработените биле заразени.
„Ние помогнавме со лекари и медицински персонал. И дури кога имаше недостиг на кадар, болницата добро ја извршуваше работата – вели Филипче.