565
Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција беше запрашан и дали се гледа во реконструкцијата на седум-осум министри, за кои најавил заменик на претседателот на владата, Фатмир Битиќи.
„Воопшто не размислувам во таа насока. Секој треба да се труди да си ја врши работата како што треба. Ако тоа го прави, не веруваме дека ќе има некаков проблем“, истакна Филипче.
Тој денеска најави дека сите вработени во јавниот сектор, локалната самоуправа и сите владини институции ќе мора да се вакцинираат.