837
Не стивнуваат реакциите по информацијата дека поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, среде пандемија се одлучи да замине во Мексико.
Тој вчера за „Фокус“ порача дека е на одмор со семејството и нема место за сензација, а ВМРО-ДПМНЕ вели дека вицепремиерот Љупчо Николовски заминал на одмор во Дубаи.
Запрашан за ваквите постапки, министерот за здравство, Венко Филипче, не сакаше да ги коментира индивидуалните одлуки.