597
Не можеме да живееме во строга рестрикција, мерките треба да попуштат, но граѓаните мора да се придржуваат кон препораките од здравствените власти, вели во вечерашното гостување во емисијата „200“ на Алсат, министерот за здравство, Венко Филипче.
-Веќе има консензус кои се тие универзални мерки кои мора да се почитуваат: маските, дистанцата, честото миење на рацете и дезинфекцијата. Само со придржување до тие мерки ние може постепено да се враќаме во нормала. Алтернатива на тоа е строга рестрикција, којашто никој од нас не ја посакува – рече Филипче.