Филипче: Не ја лажам јавноста, Илина прими вакцина соодветна за нејзината возраст

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на официјалниот фејсбук профил објаснува за случајот околу вакцинирањето на неговата внука.

„Информациите на социјалните медиуми дека сме ја вакцинирале моја внука Илина од МРП вакцина е лажна вест! На социјалната мрежа Фејсбук објавив информација и фотографија како ја вакцинираме мојата внука со вакцина од редовниот календар на имунизација, со цел, со мојот личен пример да и покажам на јавноста дека вакцинацијата е вистински чекор во заштита од заразните болести. Мојата внука е мала, и не може да биде вакцинирана од МРП вакцината. Но, јас како дел од здравствените работници ги уверувам сите граѓани дека вакцините се безбедни. Процесот на вакцинација е апсолутно безбеден, и тоа е вистинска инвестиција во здравјето на децата. Демантирам дека иглата при вакцинацијата била со капаче. Станува збор за еден адаптер кој се надоврзува на шприцот. Поради тоа, на фотографијата не се гледа иглата на вакцината – тврди Филипче. 

 

Поврзани новости