941
Утрово имав редовна координација со директорите на клиниките, ковид – центрите во Скопје. Деновиве е намален бројот на хоспитализации во болниците, но подготвени се дополнителни капацитети во болниците како во Скопје, така и низ државата, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.
Справувањето со овој трет бран, кој е многу силен, посочува министерот, е исклучително тешко, не само кај нас, туку насекаде во Европа.
-Според епидемиолошките анализи, РО факторот е паднат под 1 и се надеваме дека ќе остане така. Остануваме претпазливи, вирусот е непредвидлив и подмолен, напиша Филипче.