Филипче најавува дополнителни рестриктивни мерки

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче најавува нови рестриктивни мерки за невакцинираните лица.

Филипче вели дека истите ќе се однесуваат на невакцинираните лица.

-Во текот на следнава недела ќе дискутираме и за други евентуално дополнителни рестриктивни мерки кои што прво ќе се однесуваат на невакцинираните граѓани, имајќи во предвид дека сега најголем терет во болничкиот систем се невакцинираните пациенти или да се прошири критериумот за влез со најмалку две примени вакцини, односно целосна имунизација и за други места, настани, вели Филипче во изјава за Канал 5.

Поврзани новости