На вечерашната средба на кандидадот за градоначалник за Општина Аеродром, Александар Филиповски, присуствуваше и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче, кој побара од граѓаните да се вакцинираат.
-Вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет. Податоците покажуваат дека на удар се невакцинираните, затоа апелирам на одговорност, висока свест и совесност. Здравјето е наш приоритет – порача Филипче.
Тој го поддржа кандидатот за градоначалник на општината, Филиповски, порачувајќи им на жителите на населба Лисиче дека се работи за отворен, докажан и млад човек, кому, како што рече, му се довери задача да продолжи да ја развива Општина Аеродром.