480
Се чудам со каква леснотија Христијан Мицкоски ја лаже јавноста дека сме имале тестови за само еден ден. Џабе се бориме против лажни и неточни вести ако претседателот на најголемата опозициска партија свесно лаже и креира паника меѓу граѓаните. Бидете спокојни, тестови има и постојано се набавуваат резерви, напиша министерот за здравство, Венко Филипче на Твитер.
Лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски синоќа изјави дека има информации дека Министерството за здравство во моментов не располага само со повеќе од 100 теста за корона вирус.