Филипче на средба со неговиот германски колега: Соработката на полето на размена на медицински кадар и едукациии

by fokus

Министрите за здравство на Македонија и Германија, Венко Филипче и Јанс Шпан, денеска остварија средба во Берлин.

Од Министерството за здравство информираат дека, Филипче и Шпан, зборувале за можноста за потпишување Меморандум за соработка меѓу двете Министерства, како и продлабочување на соработката во повеќе области.

– На средбата, министерот Филипче се заблагодари за досегашната одлична соработка со повеќе здравствени установи од Германија, а воедно изрази задоволство од соработката на поле на размена на медицински кадар и едукациии од експерти, кои ќе продолжат да доаѓаат во нашата земја и да го обучуваат нашиот кадар. Истовремено, министерот истакна дека остануваме посветени на реформите во здравството, а Германија и натаму е наш стратешки партнер, соопштија од Министерството за здравство.

Министерот Шпан ја поздравил средбата и напредокот на Македонија кон евроинтегративните процеси.

– Шпан изрази уверување дека ќе продолжи соработката во областа на здравството, со проширување на можностите за инвестирање, развој на медицински туризам и размена на кадри, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.

Поврзани новости