Претседателот на СДСМ, Венко Филипче ги започнал редовните координации со пратеничката група на партијата, за организирано и силно делување во македонското Собрание, соопштија попладнево од опозициската партија.
Денес се одржала првата средба со која се означува почетокот на новото политичко делување на партијата.
На средбата се разговарало за актуелните закони кои ги предлага Владата и предлозите на кои СДСМ работи и ќе ги достави до Собранието.
– Нашиот примарен фокус е да ја обновиме довербата кај грѓаните а пратениците на СДСМ да бидат вистински претставници на граѓаните во Собранието. Затоа, согласно моите ветувања пред членството, секој од пратениците ќе има редовни средби со граѓани во изборните единици од каде ја добија довербата и ќе биде во постојан контакт со потребите на луѓето. Преку канцелариите на пратениците и редовните средби со граѓаните, ќе осигураме дека политиките и предлозите на СДСМ ќе бидат во тесна врска со потребите и очекувањата на граѓаните, рекол Филипче.