576
Министерот за здравство, Венко Филипче во 20:00 часот вечерва ќе одржи прес конференција.
На пресот Филипче треба да соопшти каква одлука донела Владата за мерките кои ќе бидат воведени за претстојниот викенд.
Комисијата за заразни болести на денешниот состанок донесе предлог да биде воведен полициски час во Скопје, Штип, Куманово со Липково и Тетово од утре во 21 часот до понеделник наутро во 05 часот. Во останатите градови се предлага полицискиот час да биде од 16 часот до 5 часот наутро од петок до понеделник.