731
Министерството за здравство соопшти дека во тек е консултација на министерот за здравство Венко Филипче со членовите на Комисијата за заразни болести, каде се анализира актуелната епидемиолошка состојба и зголемениот број нови случаи со Ковид-19.
Од Министерството посочуваат дека ќе проследат повеќе информации по завршување на консултативната средба.
Според денеска објавениот извештај за состојбата со Ковид-19 во државава, дијагностирани се нови 225 случаи, шест починати и 96 оздравени пациенти. Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 18.363, бројот на оздравени пациенти е 15.164, на починати е 749, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.450.