Лидерот на СДСМ, Венко Филипче е во Струмица, каде заедно со струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов го следи карневалското дефиле.
Уште во времето додека беше министер за здравство, Филипче не ја криеше својата поддршка кон Костадинов, па пред четири години, во предизборната кампања, кажа дека е сигурен како Костадин е на вистинскиот пат да ја продолжи успешната приказна на Струмица.
– Костадинов ќе ја продолжи успешната приказна, 15 години локално управување на СДСМ, на правилен начин, потврдувајќи го епитетот за градот – европски!
Струмичани отсекогаш го избирале најдоброто за нивниот град и знам дека и овојпат ќе биде така – заедно ќе славиме убедлива победа во прв круг на младиот Коста Костадинов, кажа Филипче во 2021 година, во време додека беше министер за здравство.
Инаку, Костадинов кој го доби градоначалничкиот мандат во 2021 година на само 31-годишна возраст. Тој четврта година по ред е домаќин на најпопуларната традиционална манифестација во општината – Струмички карневал.
Годинава, на вчерашниот настан во хотелот „Сириус“, се појави облечен како викинг, заедно со неговата партнерка Снежана.
Кажа дека викинзите се симбол на храброста и честа, и затоа се одлучил за таква маска.
Вики Клинчарова