Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес-конференција во Владата, на која информираше за моменталната состојба со коронавирусот.
-Во текот на изминатото деноноќие после најавените случаи немаше нови тестирања за коронавирусот, состојбата на пациентката е стабилна, како што информиравме негативен е контролниот тест, но за тоа треба да помине подолго време. Доколку контролниот тетст е негативен таа не може да ја пренесува болеста. Странците кои вчера се тестираа, кои престојуваа во хотелот во Скопје, се нагативни, прегледани се на Инфективна клиника и испуштени се болницата.
Сите странци, рече Филипче, кои влегуваат во нашата земја добиvаат смс порака доколку почувствуваат за време на престојот симптоми слични на грип, да се јават на телефотните на Институтот за јавно здравје.
-Утрово добивме информација за 20 туристи кои преку ГП „Деве Баир“ ќе пристигат туристи од Сингапур, автобусот ќе биде пречекан и сите патници ќе бидат прегледани. Тие доаѓаат од Романија каде веќе има еден случај и поради тоа треба да бидеме внимателни- рече Филипче.
На владината седница ќе се одлучи дали ќе се продолжи препораката за неодржување на масовни јавни собири и држење на спортски натпревари без публика.
-Сите луѓе кои беа во изолација се во добра општа состојба, никој од нив нема сиптоби, чекаме да поминат 14 дена, па ќе одлучиме дали сите ќе се тестираат, или ќе продолжи надзорот- рече Филипче.
Тој напомена дека треба да бидеме внимателни и да се одржуваат натпревари без публика.
– Очекуваме на такви натпревари да има многу гости од странство. Ќе препорачаме забраната да трае до 13 март- рече Филипче.