Сметам дека градинките може да се отворат уште во месец септември, изјави денеска министерот Венко Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.
Како што рече министерот, на последниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за тоа како ќе се постапува ако некое дете има температура.
-На последниот состанок на Комисијата за заразни болести зборувавме и за алгоритмот како би постапувале кога би се појавило некое дете со покачена телесна температура. Во таа смисла, имавме заеднички состанок со сите директори на Центрите за јавно здравје во државата. Да се знае како ќе биде комуникацијата помеѓу градинката, центарот за јавно здравје, матичниот педијатар и како ќе се известуваат и по кој алгоритам и кои родители, на кои деца во истата група или на другите, согласно проценетиот ризик од епидемиологот. Така што, сме размислиле и сме дискутирале и сме ги расчистиле дилемите за сите аспекти во однос на почетокот на работата на градинките, рече Филипче.
Тој додаде дека потребно е само на владина седница да се донесе соодветна одлука по предлог на Министерството за труд и социјална политика за точниот датум за почеток на работат.