769
Комисијата за заразни болести в понеделник ќе разговара за воведување мерки во однос на заштита на границата против ширењето на делта сојот на коронавирусот, кој се рашири низ Европа и ќе процени дали тестовите се вистинската мерка со која ќе може да се заштитиме, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче, додавајќи дека засега не се планираат други рестрикции.
Тој потенцира дека во моментов Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и очекува до следниот петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани.