Филипче: Мицкоски е виновен за измамата со кошничките

by Fokus

Мицкоски е виновен за измамата со кошничките, расте сиромаштијата додека трговците профитираат, рече вечерва во Битола претседателот на СДСМ, Венко Филипче на конференција на општинската организација.

– Го слушам Мицкоски денеска вели срамота било тоа што го правеле трговците. Не господине Мицкоски, срамота е што вие дозволивте тоа да го прават и што тајно со нив се договарате а во јавноста глумите загрижен политичар. Касно е да ја префрлате вината за овој дебакл и грабеж на трговците, одговорноста е само ваша, рече Филипче.

По шест месеци Влада на ВМРО-ДПМНЕ се чувствува голема економска несигурност и слабеење на стандардот на граѓаните. Сметките растат, цените растат, а Владата со измами се обидува да ги излаже луѓето дека со нешто им помага, додаде тој.

– Реалноста е сосема друга од онаа која ни ја презентира Мицкоски. Граѓаните тоа најдобро го приметуваат кога ќе влезат во маркетите. Лажните кошнички за поевтини цени се трик на Мицкоски и трговците со што тие печалат на маката на луѓето, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој вечерва во Битола разговараше со членовите на партијата за повеќе актуелни теми.

 

Поврзани новости