Филипче: Михаил и Теодора се првите бебиња родени на Клиниката за гинекологија

by fokus

Михаил и Теодора се првите бебиња кои се родија на УК ГАК во Скопје. Михаил се роди во 00:01 часот и е само една минута постар од Теодора, напиша министерот Венко Филипче на фејсбук, споделувајќи фотографии од бебињата.

-Двете бебиња се родија здрави и се чувствуваат добро, како и нивните мајки. На малите им посакувам многу здравје, да бидат најголемата гордост и среќа на нивните родители. На семејствата Стошиќ и Петровски им ја честитам Нова Година поубаво не можеше да почне, напиша Филипче на фејсбук.

Поврзани новости