925
Првите вакцини против корона вирусот во Македонија од Фајзер ќе пристигнат во февруари, но министерот за здравство, Венко Филипче порача дека не смее да се објави колку дози ќе добие нашата земја.
„Од компанијата ме замолија да не објавуваме колку дози ќе стигнат. Инаку знаеме колку вакцини ќе добиеме. Тоа е една политика која успеа да имплементира. Тие водат сметка за целиот регион. Верувам дека пред нас ќе биде еден процес на имунизација“, истакна Филипче.