Филипче: Мајката и синот пронајдени мртви во стан во Велес биле починати од три до пет недели

by Fokus

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека е завршен увидот во маркетот во Велес.

„Петнаесет вработени ќе добијат решенија за самоизолација. Завршена е постапката за дезинфекција и чистење на маркетот. Ако со остатокот вработени може да продолжи функционирањето на маркетот, тогаш можат да продолжат со работа – вели Филипче.

Тој, исто така истакна дека завршил и увидот на починатите лица од Велес.

„Констатирано е дека смртта настапила од три до пет недели од моментот на пронаоѓање. Нема некој посебен интерес да се прават дополнителни истражувања. Продолжува да се истражува што и како починале, што не е во наш домен – додаде Филипче.

 

Поврзани новости